Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека трговските преговори со Кина напредуваат „многу добро“, откако двете најголеми светски економии го продолжија стапувањето во сила на царините за дополнителни 90 дена.
– Кина моментално е најголемиот извор на приходи од царини, рече Бесент во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи дека преговорите со Пекинг се очекува да продолжат пред ноември.
– Статус-квото во моментов функционира добро, нагласи тој.
Минатата недела Вашингтон и Пекинг се договорија да го одложат воведувањето на нови трицифрени царини за 90 дена. Примирјето првично беше договорено во мај по преговорите во Женева, кога двете страни се согласија да ги одложат зголемувањата на царините за три месеца. На крајот на минатиот месец, преговарачите од САД и Кина се сретнаа во Шведска, по што американската делегација препорача на претседателот Доналд Трамп повторно да го продолжи рокот за новите царини.
САД, исто така, го повикаа Пекинг да престане да купува руска нафта за да изврши притисок врз Москва за прекин на војната во Украјна. Сепак, Трамп изјави дека нема планови за воведување одмазднички царини кон Кина поради тековните мировни преговори со рускиот претседател Владимир Путин. Минатиот петок Трамп се сретна со Путин на Алјаска, а три дена подоцна ги пречека украинскиот лидер Володимир Зеленски и други европски и НАТО-лидери во Белата куќа. Трамп подготвува билатерална средба меѓу Зеленски и Путин, како и тристрана средба на врвот меѓу Русија, Украина и САД.
МИА
Ново на Сител
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
