Македонија
27. October 2026 - 12:20
Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
Висок крвен притисок, стрес и зголемена гликемија во крвта се едни од ризик факторите за мозочен удар. Клиниката за неврологија е со исполнет капацитет, а најмладиот пациент што пред еден месец бил на болничко лекување со мозочен удар имал само 16 години. Во пресрет на светскиот ден за мозочен удар, клиниката три дена организира бесплатни прегледи за граѓаните.
-->
-->
