Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија

Двајца од тројцата судии му донесоа предност на Канаѓанецот (115-113, 116-112), додека третиот судија ја прогласи борбата без победник (114-114).
И двајцата боксери беа непоразени пред борбата во Ријад, во сопственост на 33-годишниот Бивол беше појасот на ВБА верзијата, а Бетербиев (39) беше актуелен првак на ВБЦ, ВБО и ИБФ.
„Не ми се допаѓа како боксував, малку ми беше непријатно во рингот, бидејќи обично не го чекам ѕвончето. Но сепак победив и настапот ќе се заборави“, изјави Бетербиев.
Борбата во главниот град на Саудиска Арабија во „Кингдом Арена“, првично требаше да се одржи во јуни, но Бетербиев го повреди коленото и пресметката беше презакажана за октомври.
Последниот неприкосновен шампион во полутешка категорија беше Американецот Рој Џонс Јуниор, кој го победи Реџи Џонсон и ги обедини појасите на ВБА, ВБЦ и ИБФ уште во 1999 година.
Ново на Сител
-

Од вторник построги услови за купување втор стан
-

Заврши состанокот на процесот Брдо-Бриони: Проширувањето да биде императив
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Расчистено убиството кај Смилковско - осомничениот открил како го извршил делото
-

Главната расправа за случајот со претепаната Сара одложена
-

Со боди камери и видеоповици ќе се документира семејното насилство
-

Западен Балкан бара побрза евроинтеграција
-

„Блек фрајдеј“ под лупа, инспекторите ќе проверуваат дали попустите се реални или маркетиншки трик
