Македонија
9. August 2026 - 11:32

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци

Без плаќање во готовина ќе се патува од утре во автобусите од јавниот превоз во кавадаречката општина.

Од Јавното претпријатие „Градски превоз - Кавадарци“ информираа дека плаќање на билет во автобусите за градски и приградски превоз ќе се врши исклучиво со КА карта - персонализирана картичка со надополнување на кредит и со платежна картичка.

- До 31 декември оваа година, при секое купување на КА карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење е бесплатно - споделија од јавното претпријатие.

Претходно, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев изјави за медиумите дека се зголемува користењето на јавниот превоз во општината. 

МИА