Loading Video...
Фудбал
2. January 2022 - 18:52
Без Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано поразен од Атлетико Мадрид
Во мечот на четврто и петто пласираните екипи во ла Лига, Атлетико Мадрид го победи составот на Рајо Ваљекано со 2-0 .
Аргентинецот, Анхел Кореа ги постигна двата гол за популарните „јорганџии“ со што му донесе победа на својот тим, кој на изминатите четири дуели во Ла Лига претрпе исто толку порази.
За гостите, за кои не настапи македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, ова беше само втор пораз на последните осум натпревари.
Така сега Атлетико е на 4.место на табалета со 32 бодови, два повеќе од Рајо.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->