Македонија
11. February 2026 - 8:31

Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Марино и Волково

Без струја утрово од 06:00 – 10:00 часот ќе бидат корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче во Општина Центар, а од од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов во Општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје.

Од 09:00-11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино, од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково, а од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков, Злетовска, Тиквешка и Нов живот во Општина Шуто Оризари.

 

МИА