Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези

Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, додека без вода поради уличен дефект ќе биде една улица во населбата Нерези.
Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ и фирмите „Милсон“ и „М-Гома“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 12 часот деловните простории пред „Термо систем“, приватното училиште на улицата „Скупи“ и жителите на оваа улица во општина Карпош.
Во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата „30“ во Трубарево.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Водовод и канализација - Скопје, информира дека денеска од 9 часот до санирање на дефектот без вода ќе бидат жителите на улицата „Демир Трајко“ 2 во населбата Нерези.
МИА
Ново на Сител
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
