Без вода утре остануваат повеќе скопски улици во општините Бутел и Гази Баба

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето.
Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и корисниците на Бутелска – од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14, на подрачјето на општина Бутел.
Исто така, на 30 ноември, поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05:00 часот па до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, жителите од населбата Методија Андонов – Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците на ул. 808 и бул. Киро Глигоров, на територија на општина Гази Баба.
Намален притисок во водоснабдувањето, како што информира ЈП Водовод и канализација, ќе имаат и корисниците од населбата Автокоманда – ниска зона, како и од населбите Триангла и Хиподром, како и корисниците на ул. Перо Наков во близина на Кванташкиот пазар.
МИА
Ново на Сител
-

Епидемиолошката состојба со западнонилска треска – 35 потврдени случаи, 3 смртни случаи
-

Овчарите бараат итна вакцинација: Над 50 жаришта, уништени до 10.000 овци
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
