„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност

Подобрување на безбедноста, намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и зголемена сообраќајна култура се клучните придобивки коишто ги очекува стручната јваност од Куманово од системот „Безбеден град“. Ефектите, според професорот по сообраќајни стручни предмети, Стефан Бранковиќ нема моментално да бидат видливи по подолг временски период.
-Самиот систем нуди низа предности, токму затоа што тргнува од една јасна цел и идеја првенствено да се подобри безбедноста во сообраќајот преку влијание врз човечкиот фактор, кој директно придонесува за прекршоците, како што се минување на црвено светло, пречекорување на брзината и слично- изјави Бранковиќ.
Според него, крајната цел е намалување на бројот на прекршоци и зголемување на чувството на јавна сигурност. Една од клучните предности на системот, како што посочи, е обезбедувањето објективни докази.
-Имаме објективни докази ако човекот лаже, камерата не може да лаже. Тоа значи и побрза интервенција при различни видови инциденти-истакнува професорот Бранковиќ.
Со тоа, смета тој, се обезбедува и поголема рамноправност меѓу учесниците во сообраќајот, како и неселективност во санкционирањето. Бранковиќ нагласува дека клучно е системот да се перципира како превентивна, а не како репресивна алатка.
-Ова е наменето првенствено за превенција, а не за казнување. За да даде реални резултати, системот мора да обезбеди целосна јавна информираност за секој негов сегмент, како и сигурна заштита на личните податоци на граѓаните- вели тој.
Според Бранковиќ, фокусот треба да биде ставен на едукација и превенција, а не на казнена политика. Професорот забележува дека во почетната фаза кај возачите е присутен одреден страв од санкција, што влијае врз нивното однесување.
-Сметам дека дел од возачите сè уште управуваат моторни возила со одреден страв или сомнеж дека ќе бидат „уловени“ од камерите. Тоа може да се забележи преку панично кочење пред камерите или постојано следење на брзиномерот, што понекогаш го одзема вниманието- оценува Бранковиќ.
Сепак, тој не се сомнева дека на подолг рок ќе има позитивни резултати. Анализата упатува дека „Безбеден град“ ќе се оценува не само според бројот на изречени казни, туку преку намален број сообраќајни незгоди, зголемена дисциплина и повисоко ниво на доверба во институциите.
МИА
Ново на Сител
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
