-->
-->
Би-Би-Си: Масакрот на железничката станица во Краматорск е изведен со забранети касетни бомби
-->
Би-Би-Си тврди дека постојат докази дека масакрот на железничката станица во Краматорск бил изведен со касетни бомби, чија употреба е забранета со меѓународното право.Касетните бомби, всушност, содржат голем број помали бомби што се распрснуваат пред ударот и експлодираат во поширока област. Повеќе од 50 цивили загинаа во нападот на железничката станица, која беше преполна во моментот на експлозијата.
Новинарите на Би-Би-Си по нападот ја посетија железничката станица во Краматорск и пронајдоа мали кратери на земјата кои се конзистентни со боевата глава која содржи касетна муниција.
Имено, повеќекратните експлозии на касетната муниција вообичаено расфрлаат фрагменти на поширок простор околу местото на ударот на проектилот, оставајќи зад себе карактеристични мали кратери.
На местото на нападот беа пронајдени остатоци од ракетата „Точка-У” од советската ера. Станува збор за балистичка ракета со краток дострел, која може да носи касетна боева глава која содржи 50 помали бомби, наведува Би-Би-Си.
Експертите наведуваат дека малите кратери на станицата се во согласност со касетната муниција.
-Кратерите се сосема конзистентни со муницијата како GN24, касетна муниција од советската ера која може да се смести во боева глава од проектилите „Точка”, изјави Сидарт Каусал, експерт за ракети во британскиот Кралски институт за одбранбени прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
