Loading Video...
Свет
1. јуни 2026 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Нови воени пресметки помеѓу САД и Иран. Централната команда на САД соопшти дека синоќа од воздух таргетирала ирански радарски системи и контролни центри за управување со дорнови во Горук и на островот Кешм, како одговор на неодамнешното соборување на американски дрон во меѓународни води.

Како одмазда, Иранската револуционерна гарда соопшти дека со ракети нападнала американска база во Кувајт што ја користат непријателот за напад врз јужен Иран. САД го прекршија примирјето по трет пат за неколку дена и нивните акции му давата право на Иран да преземе одбранбени мерки, порачаа од иранското министесртвото за надвошрени работи.

-Кршењето на прекинот на огнот само по себе укажува на лошо однесување и лоша намера од страна на САД и само ја интензивира постојаната недоверба, која со право мора секогаш да ни остане во секавањето, во секоја интеракција со американската страна. Овие американски акции не се само кршење на прекинот на офгнот; тие претставуваат чин на агресија и кршење на член 2, став 4 од Повелбата на ОН. Тие ни даваат право и овластуваат, во согласност со правото на самооодбрана, да преземе соодветни одбранбени мерки. Денес, јасно објавивме дека го таргетирвме изворот на агресијата, изјави Есмаил Багаеи, портпарол на МНР на Иран.

И покрај судирите, договорот помеѓу САД и Иран ќе заврши добро. Преговорите продолжуваат напиша Трамп на Трут соушл, порачувајќи им на неговите критичари да се опуштат. Тензиите остануваат високи и помеѓу Израел и Либан.

Размената на напади помегу изарелската војска и Хезболах продолжува и покрај прекинот на огнот постигнат со посредство на САД во април.

Трамп соопшти дека се обидуваат да посредуваат за нов договор за деескалација помегу двете страни, откако утрово изарелскиот премиер нареди да се обвноват нападите врз либанскиот главен град.

Унгарскиот премиер Петар Маѓар повторно го повика претседателот Тамаш Суљок да поднесе оставка, обвинувајќи го дека не го претставувал националното единство по главните прашања и дека им служел на интересите на Виктор Орбан и неговата влада. Магар утрово имал средба со шефот на државата.

Ако Суљок не поднесе оствака по сопствена волја тогаш владата може да направи измена на Уставот која би овозможила смена на претседателот на државата изјави утрово Магар во обракањето до јавноста Суљок кој  беше избран од пратениците на Фидес на Орбан во 2024 година, одбива да се повлече од функцијата. Мандатот му завршува во 2029 година.