Loading Video...
Свет
6. November 2026 - 16:35

Преглед на вестите од светот

Нов бран  дојави за поставени бомби го погоди европскиот авиосообраќај и денеска. Авион на Виз ер што летал од ПРага за Рим утрово бил пренесочен кон Венеција по дојава за бомба . Заканата била испратена  од анонимен телефонски повик до контролната кула на римскиот аеродром Фјумичино. Пријавена е и закана за лет на Рајан ер од Рим кон Лисабон. При проверките на авионите не се пронајдени експлозивни направи. Денеска,  мета  на дојави за бомби стаанаа и  големи медиумски куќи во Ирска и Обединетото Клраство. ВРаботените биле евакуирани  а а по извршените проверки  од специјални тимови за антитеторизам е утврдено дека во објектите нема ништо сомнително и дека заканите биле лажни. Заканите биле испаретни преку елктронска пошта. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани  лажни дојави за бомби на најмалку 25 летови низ европските земји.    Официјални претсавници на ЕУ соопштија дека се уште е прерано да се утврди дали сите овие закани се меѓусебно побрзани и координирани. 

448 демонстранти беа приведени, а 53 припадници на безбедносните сили беа повредени за време на вчерашните масовни протести и штрајкот  во  јавниот сектор  во Франција, соопшти тамошното министерство за внатрешни работи. Насилни немири и судири со полицијата имаше во Париз, Лион , Рен и Тулуз. Според француските власти  на протестите  учествувале 600 000 луѓе, додека  синдикатите тврдат  бројот  достигнал  1,6 милиони учесници  на повеќе  од 200 локации. Студентските синдикати и движењето Жолти елеци за утре најавија нови протести низ Франција поради високите трошоци за живот и лошите услови во образованието.  

Руско-украинската војна е блиску до разрешница објави Доналд Трамп, по состанокот  зад затворени врати  со специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев во Белата куќа. Американскиот претседател не откри детали од разговрите, но рече дека договорот за крај на војната  ќе биде голем и сите ќе бидат одушевени од него.

- Не можам да ви кажам за што разговарав, но само ви велам дека ќе има договор. Тоа ќе биде голем договор и ќе опфати повеќе од само Украина. Ќе биде навистина голем. Ќе опфати повеќе од Украина. И можам дури да кажам дека може да ја опфати цела Европа. Тоа ќе биде голем, прекрасен договор и сите ќе бидат воодушевени, изјав Доналд Трамп, претседател на САД. 

Новата  рунда трилатерални мировни преговори меѓу САД, Русија и Украина е закажана за следната недела во Абу Даби.