Преглед на вестите од светот
Трагедија на автопатот „Тракија“ во Бугарија, најмалку 12 жртви во верижни судири.
Најмалку 12 лица загинаа на автопатот „Тракија“ во Бугарија во двата верижни судара.
Повеќе од 50 лица се повредени. Дел од нив се во кртичина и тешка состојба.
Вкупно 86 превозни и товарни возила се судрија во двата правца на автопатот во близина на клучката Зимница утрово, околу седум часот во услови на густа магла и наамелна видливост.
Снимките во локалните медиуми прикажуваат автомобили, камиони, автобуси и цистрени натрупани на двете страни од патот – многу од нив превртени, смачкани или излетани од коловозот.
- Густа магла – многу густа магла – и тоа ја предизвика несреќата понапред. Штом излегов од автомобилот, потрчав напред и го извлеков тој човек. Оној од автомобилот што гореше. Многу, многу луѓе загинаа овде; еден човек загина веднаш зад мене. Што се однесува до мене, зад мене имаше четири возила – камиони – и не знам како излегов или што точно се случи, но на крајот, фала му на Бога, сепак сум жив, изајви преживеан.
Дел од патниците останале заглавени во смачканите возила, поради што спасувачие морале да ја сечат каросеријата за да ги извлечат.
- Внатре во автобусот владееше вистински ужас. Сите прозорци беа искршени, стакло паѓаше од сите страни, а ние бевме натрупани еден врз друг; некои паднаа, некои беа повредени, а други останаа заглавени и не можеа да излезат. Штом конечно успеавме да излеземе, почнавме да се оддалечуваме од автобусот, плашејќи се дека може да се запали.
Бугарската полиција почна истрага а според првичните информации во првата несреча камион го блокирал патот на автобус, по што следеле низа последователи удари од други возила.
Премиерот Радев го посети местото на трагедија и прогласи ден на нацинална жалост за утре.
По осум месеци пазуа, Русија, Украина и САД на заедничка маса во Абу Даби. Ќе преговараат и утре.
За прв пат по повеќе од осум месеци, преговарачките тимови на Русија, Украина и САД оддржуваат нова рудна мировни преговори.
Безбедносни договори за периодот по војната, деескалација, хуманитрани мерки и завршување на војната се темите на дводенвните преговори во Абу Даби.
Преговорите се одржуваат зад затворени врати, без присуство на медиумите.
- Имавме речиси секојденвни разговори со двете страни. Мислам дека навистина ги идентификувавме и ги намаливме разликите што треба да ги надминеме. Сметам дека имаме добри идеи како да го премостиме тој јаз. Се надевам дека денес, како и утре, ќе можеме да водиме отворен, искрен и сеопфатем дијалог, со цел да постигнеме дополнителен напредок, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на САД.
Францускиот претседател Макрон, во мегувреме изјави дека не може да има траен мир во Украина без да се реши прашањето за европката безбедност, а тоа според него бара вклученост на Европејците.
Русија јасно стави до знаење дека не гледа место за Европејците на средбата со Украинците и Американците.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
