Македонија
31. August 2026 - 12:08

Бидете дел од новата сезона на Сител: Пријавете се за учество во „Се или Нешто“, „Брза Кујна“ или „Листа за 300“

ТВ Сител и во новата сезона продолжува со емитување на вашите омилените емисии од сопствената продукција, а снимањата започнуваат наскоро.

Доколку сакате да бидете дел од забавата, да го покажете своето знаење или кулинарски вештини и да се натпреварувате за вредни награди, пријавувањето за учество е отворено.

За учество во „Се или Нешто“, заинтересираните кандидати можат да се пријават преку формуларот на веб-страницата на ТВ Сител - https://sitel.com.mk/se-ili-neshto

За „Брза Кујна“, пријавувањето е преку електронската адреса brzakujna@sitel.com.mk или на телефонскиот број 02 3116 566.

За учество во квизот „Листа за 300“, пријавите се испраќаат на kviz@sitel.com.mk.

Снимањата на новите изданија започнуваат наскоро, затоа пријавете се навреме и добијте можност да бидете дел од програмата на ТВ Сител.