Македонија
14. August 2025 - 16:46

Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар

Екс претседателката на Антикорупцсика Биљана Ивановска ја потврди својата кандидатура за градоначланик на скопски Центар преку новата партиска инцијатива „Независни заедно“, формирана од досегашните „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази баба“ и „Групација 398“. Ивановска вели дека очекува граѓански гласови со различна иделогија. Ветува дека ќе води позитивна кампања, без напади на своите противкандидати. 

„Одлучив да се кандидарам за градоначалничка на општината во која што живеам, во која што ги делам истите проблеми со моите сограѓани и во која што го дишеме истиот воздух, кој не е загаден само со ПМ честички, туку и со многу лоши политики и корупција....Мене не ме водат апетити за профит, јас ги вложувам моите интегритет и капацитет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните.

Поранешната антокорупционерка вели дека нема да дозволи урбанистички планови во Центар кои не се во согласност со Генералниот урбанистички палн на Скопје, а ќе се залага и за стандардот 3-33-300 односно секој од прозор да гледа три дрвја, на секој жител да има барем 30 квадрати зеленило и секој да живее на 300 метри од парк. 

Ивановска ќе ја бара довербата на центарци, заедно со актулениот градоночалник Горан Герасимовски, кој СДСМ го кандидираше за втор мандат, но и со кандидатот на владејачката ЗНАМ на Максим Димитриевски, чие име се уште не се објавува. Впрочем познавачите велат дека кандидатурата на Ивановска ќе одзеде најмногу гласови од незадоволните социјалдемократи и ќе даде шанса на владејачкиот кандидат. 

Во меѓувреме, од „Независни заедно“ собираат потписи за формализирање на партијата, но нагласуваат дека се работи повеќе за платформа која треба да користи за независни кандидатури. Од таму најавија дека деновиве ќе промивираат и кандидат за градоначалник на Скопје. 

Додека независни се организираат преку себекандидирање или нови партии, традиционалните политички партии веќе ги објавија најголем дел од кандидатурите. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и Вреди и Европскиот фронт на ДУИ целосните листи најавија дека ќе ги објават до крјаот на август. Според роковникот на ДИК, партиите и граѓаните ќе можат да поднесат пријави за советници и градоначланици во 80 општини и градот Скопје најдоцна до 16 септември, додека пак до 25 септември ќе се знае и редоследот и должината на гласачките ливчиња.