Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември

Битола денеска го слави 4 ноември, денот кога во 1944 година, градот беше ослободен од бугарскиот, германскиот и италијанскиот фашистички окупатор.
Според битолските хроничари, главните борби против фашистичките сили во реонот на Битола ги воделе македонските борци од 49-тата дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чиј состав биле Седмата македонска битолска бригада, Битолско-Преспанскиот партизански одред и Леринско – Костурската македонска бригада.
Утрото на 4-ти ноември 1944, македонските партизани победоносно влегле во Битола каде потоа биле пречекани и поздравени од граѓаните.
Во борбата против фашизмот, 266 македонски партизани од Битола и битолско ги дадоа своите животи за ослободувањето на Македонија.

Во рамки на свечената програма на Општина Битола за одбележување на празникот, претпладнево градоначалникот Тони Коњановски и гости од збратимените градови со Битола ќе положат цвеќе пред споменикот на НОВ и револуцијата што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“, пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, како и пред споменикот на паднатите борци на Партизанските гробишта во Битола, а вечер на свечена академија ќе бидат презентирани актуелните состојби и визија за Битола, и ќе бидат доделени највисоките општински признанија, наградата „4-ти Ноември“.
Наградата за животно дело годинава ќе и биде доделена на актерката Соња Михајлова, доајен на битолскиот Народен театар.
МИА
Ново на Сител
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
-

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028
-

Европа излегува на улици - Тридневни протести планирани во седум земји
-

Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември
