Битолчанка осомничена за илегална трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Битола денеска поведе истрага и предложи мерка притвор за продолжено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик против 33-годишна битолчанка, која во периодот од 3 март до 25 октомври годинава неовластено држела и продавала наркотична дрога марихуана.
Како што информира Обвинителството, осмоничената помали пакувања од дрогата, во неколку наврати оставала на надворешниот дел од ѕидна ограда од станбен објект, од каде ја подигнувале купувачи. При претрес во домот на осомничената полицијата пронашла 13 зипер ќесички марихуана подготвени за натамошна неовластена продажба со вкупна маса од околу 20 грама, како и три дигитални ваги со траги од марихуана и кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничената поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризикот дека ќе го повторува делото.
MИА
Ново на Сител
-

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
-

Финците повторно се најсреќна нација во светот
-

Вучиќ во видео порака на Инстаграм: Не успеавте лани да ме соборите од власт, јас не сум Слободан Милошевиќ
-

Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-

Протести ширум САД во знак на солидарност со жртвата на инцидентот во Минеаполис
-

Трамп: Мачадо следната недела ќе дојде во Вашингтон
-

Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување
-

ЦУК: Поради поплавите предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско се интервенира со механизација
