Бојан Ѓеоргиевски најсреќен за Водици во Делчево

Со традиционална свечена црковна церемонија и во присуство на илјадници верници, денеска се осветија водите на река Брегалница во Делчево. Бојан Ѓеоргиевски беше најсреќен и највешт и успеа од четириесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст.
Традиционално, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски на среќниот фаќач на светиот крст му доделува парична награда во износ од 10.000 денари.
– Ме радува денешниот ден, илјадници верници посведочија на чинот на осветување на водите на нашата убава река Брегалница, но и на храбрите 40-ина момчиња кои влегоа во студените води на Брегалница со што ја продолжуваат традицијата која носи благодородна порака за Божјата благодет, прочистување, оптимизам, надеж и верба во доброто, совршеното, чистото, но и во заедништвото. Упатувам честитки на нашиот сограѓанин кој успеа да го фати светиот крст од студените води на Брегалница и му посакувам да го следи среќа и него и неговото семејство, а да донесе среќа и бериќет на целиот наш град. Упатувам честитки и до сите верници по повод празникот и за достоинственото одбележување на традицијата. Бог се јави, Навистина се јави! Нека е за многу години, истакна Гоцевски.
Среќниот фаќач на крстот традиционално доби подарок од делчевската црква. На среќниот Бојан Ѓеоргиевски, епископот Марко му подари икона и Библија, додека годинава награди беа обезбедени и од општествено одговорни компании „Зегин“ и ММЦ Прогрес.
Свеченоста по повод денешниот верски празник, Водици, започна утрово во црквата „Успение на пресвета Богородица“, каде се одржа свечена богојавленска литургија со која чиноначалствуваше Неговото преосвештенство епископ г-ин Марко.
По повод празникот во градскиот парк е организиран музички хепенинг, а градоначалникот Гоцевски организира средба со поканети гости на која ќе се разговара за потенцијалите на развој на Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот
-

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска
-

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена
-

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
-

Нарачала мебел преку социјална мрежа, останала без 550 евра - измамена жена од Арачиново
-

Од црква во Чаир одземен бакарен лим од кровот вреден над 150.000 денари
-

Светска програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад за 45 милиони луѓе
