Болницата во Кочани доби систем за компјутерска томографија
Систем за компјутерска томографија доби кочанската болница. Ова ќе значи многу за пациентите од помалите општини од крајниот исток на државата, бидејќи им штеди и време и пари.
-Ќе гледаме во најбрз можен рок да биде пуштен апаратот во употреба и пацинетиоте ќе можат комотно да бидат закажувани и во Кочани. Нема да има потреба да одат во Штип или Скопје, така што од источниот регион, ќе можат да бидат згрижени овде со оваа дијагностика- изјави Душанка Георгиева Трпевски, директорка на ЈЗУ Општа болница-Кочани.
Болницата во Кочани е добро екипирана за работа со компјутерски томограф, а за да им се излезе во пресрет на повеќе пациенти ќе биде организирано и работното време.
-Компјутерската томографија е една од најзначајните дијагностики за нашата патологија, на невролошката патологија. Најчесто се користи за снимање на глава, кај церебоваскуларните инсулти, а се снима и рбетниот столб за таквите заболувања. Така што со донесувањето на овој апарат значително ќе се подобри и квалитетот на здравствените услуги, а ќе биде од голем бенифит за нашите пациенти, оти ќе заштедиме и на време за нивно побрзо дијагностицирање, изјави д-р Маја Шоповска Китанова, специјалист по неврологија
-Ќе работиме прва и втора смена, најверојатно и навечер за повици. Ќе работиме тимски и ќе се организираме онака како што ќе биде најдобро, изјави д-р Драгана Могилевска Груевска, специјалист по рендгенологија
Компјутерската томографија е донација од болницата за неврологија во Скопје, во соработка со Министерството и Фондот за здравство.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар