Македонија
12. July 2025 - 16:35

Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска

Еден од најфотографираните симболи на Охрид, наколната населба „Музеј на вода“ во Градиште доби целосен ремонт, и како што уверува ресорниот министер Љутков, повторно блеска во полн сјај.

Платформата и покривите се целосно реконструирани, уредена е терасата, тече набавка за нов систем за наводнување, а ентериерот е освежен и опремен за туристи.

Државата вложила околу 15 милиони денари, а денеска локацијата ја посети врвот на извршната власт.