Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег

Времето вечерва и во текот на ноќта ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m². На планините врнежите ќе бидат од снег, а пообилни врнежи од снег ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Максималните температури денеска се движеа од два степени на Попова Шапка, пет во Маврови Анови, шест во Крушево и Лазарополе, седум во Пожаране, осум во Претор, Ѓуриште, Тетово и Тополчани, девет во Охрид и Крива Паланка, 10 во Битола, Прилеп и Скопје-Зајчев Рид, 11 Скопје-Петровец и Виница, 12 во Берово, 13 во Велес и Штип, 15 во Струмица, Кавадарци и Гевгелија и 16 степени во Демир Капија.
Најмногу дожд наврна во Охрид 22 л/м2, во Претор 19, во Крушево 18, во Маврови Анови 17, на Попова Шапка 15...
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.
МИА
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
