Божиновска - Де Грут: Можности за големи енергетски инвестиции и зелена трансформација во Македонија

Министерката за енергетика Сања Божиновска оствари работна средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Грут, кој ја надгледува активноста на банката во Западен Балкан, вклучително и Македонија. Средбата се одржа во рамките на посетата на потпретседателот Де Грут на земјава, при што тој ја потврди својата поддршка за развојот на стратешки проекти во енергетскиот сектор, соопшти Министерството.
Министерката и потпретседателот на ЕИБ на средбата разменија мислења за идните проекти и иницијативи кои банката може да ги поддржи во државава, со посебен фокус на енергетската транзиција, модернизацијата на електроенергетската инфраструктура и зголемувањето на енергетската ефикасност.
- Беа разгледани можностите за комбинирана финансиска, техничка и експертска поддршка, која ќе овозможи побрза подготовка и реализација на проекти со висок приоритет. Особено внимание беше посветено на поддршката на иницијативи за поддршка за проекти поврзани со трафостаници и електроенергетска инфраструктура, со користење флексибилни модели на финансирање. Подготвеност за вклучување во активности поврзани со РЕК Битола, особено во делот на енергетска транзиција, модернизација и зголемување на ефикасноста на производствените процеси. ЕИБ располага со експерти за енергетска ефикасност и развиени програми во оваа област, спроведени во други земји. Понудена е експертиза и поддршка во дизајнирање и имплементација на слични програми на национално ниво, информира Министерството за енергетика.
Потпретседателот Де Грут истакна дека ЕИБ е подготвена да обезбеди не само финансиска поддршка, туку и експертиза за развој на програми за енергетска ефикасност и инфраструктурни проекти, со цел да се зајакне националниот потенцијал и да се унапреди одржливиот развој.
Министерката Божиновска, се додава во соопштението, нагласи дека Македонија ја цени соработката со ЕИБ, која ќе придонесе за забрзување на реализирањето на клучни проекти во енергетскиот сектор и зајакнување на енергетската независност и одржливост на земјата.
- Од страна на банката беше изразена силна заинтересираност за воспоставување поинтензивна соработка и поддршка на нови иницијативи во различни сектори, наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
МИА
Ново на Сител
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
