Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
Народната банка ја затега монетарната политика Референтната камата ја зголеми за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 отсто. Одлуката се носи за да се зачува ценовната стабилност, поради ефектите од глобалните случувања врз домашната економија. Последиците од војната на Блискиот исток ќе се чувствуваат до крајот на годината, со што ќе расте и притисокот врз инфлацијата.
Затоа, според гувернерот Славески, неминовно беше благо заостаување на политиката. Сега банките треба да ги направат пресметките и да донесат одлука кога и за колку ќе ги поскапат кредитите.
Гувернерот повторно ги повика дел од банките да се откажат од најавеното зголемување на провизиите и надоместоците, посебно за уплатите на шалтер. Новите ценовници кои треба да стартуваат од 1 август, силно ќе ги погодат пензионерите и ранливите граѓани, кои немаат услови или знаење за користење електронско банкарство.
Така плаќањето сметка на шалтер од 90 ќе ги чини 120 денари. Поскапува и одржувањето и водењето сметка, чланарината за картички, плаќањео со картичка во странство и слично Славески вели дека Народната банка нема надлежноста законски да ги ограничи провизиите, тука тоа е во рацете на министерството за финансии.
Од министерството за финансии посочија дека банкарските надоместоци не се дел од законската материја, туку предмет на деловните одлуки на секоја банка.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
