ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
Стекнатите права за работниците не треба да се укинуваат. Сојузот на Стопански комори против предлогот на другата Комора која побара да се скратат дел од празниците, за да бидат попродуктивни работниците.
За поефикасени работници, од ССК со друг предлог – плаќање по саатнина, однсно по работен час. На тој начин, според нив, вработените би биле мотивирани да работат поефективно, за да заработат повеќе.
- На пример, некој би можел да работи три часа во еден ден, а пет часа во друг, во зависност од потребите и можностите. Тоа би овозможило поголема флексибилност, особено за родителите и за мајките кои треба да ги усогласат работните и семејните обврски. Не случајно во Соединетите Американски Држави и во дел од европските земји се применуваат различни модели на часовна исплата. Сметаме дека ова е интересна тема за која треба да се најде соодветен модус и во нашата земја - изјави денеска Ѓорѓиевски пред почеток на тркалезната маса на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“.
Плаќањето по саатнина е интересен предлог и за власта. Велат дека треба да се разгледаат модулите колку би бил законскиот минимум, под кој не би требало да се плати работникот.
Додека се прават анализите, бизнисот под притисок од зголемената неизвесност и постојаниот раст на цените на горивата. Тоа неминовно ќе предизвика и пораст на цените кај дел од производите.
- Владата прави напори и помага таму каде што може.. Веќе се работи и на укинување на дел од парафискалните давачки, кои го отежнуваат водењето бизнис, како и намалување на бирократските процедури со дигитализација на услугите, одговорија од власта.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
