Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
Германската компанија Кромберг и Шуберт го шири производството. Во следните 4 години ќе отвори нов погон, каде ќе се произведуваат делови за Ауди и ќе вработи 2,000 лица. Индустриската зона во Жабени во моментов брои над 5,000 вработенилица и заедно со фабриката во Скопје – во моментов е еден од најголемите работодавачи во земјава.
-„Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Ќе ме коригирате ако погрешам, во Битола досега се речиси 5.300 или 5.280 вработени, во Скопје се нешто над 1.700. Со овој проект ќе дојдеме веќе до 10.000 вработени. Така што, довербата што ја има „Кромберг и Шуберт“ во земјата е огромна –вели премиерот Христијан Мицкоски.
Соочени со неизвесноста од глобалните случувања и оваа компанија има зголемени трошоцоци за производство и намалени нарачки. Сепак, првиот човек уверува дека фабриката во Битола ќе има најдобри резултати од останатите лоцирани во над 20 држави во светот.
-Имаме флуктуации, една недела имаме 3,000 нарачки следната 1,500. Но во Битола имаме најдобри резултати во светот, изјави Георги Тренкоски, Кромберг и Шуберт.
Како потпретседател на Советот на странски инвеститоири, годинавата Тренкоски ги потенцираше проблемите си кои се соочуваат странските компании – неефикасна администрација, бирокртаија, корупција, често менување на законите, доцнењето со добивање државна помош и несоодветен кадар.
Само во Пелагонискиот регион, според него, во следните 5 години бројот на лица кои ќе заминат во пензија ќе биде поголем од младите кои ќе останат да работат. Сега, неколку месеци подоцна, од Владата Тренкоски порача дека состојбата за водење бизнис во земјава е подобрена и даде поддршка на владиониот став за растот на минималната плата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
