Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки - Македонија гради енергетска иднина за сите
Македонија е подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално одговорен, е пораката од денешниот настан на кој беше промовиран извештајот на Центарот за развој на ОЕЦД „Цени на енергија и субвенции во Западен Балкан: Реформи за фер и зелена иднина“, на кој се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Како што соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Извештајот, подготвен со поддршка на меѓународни партнери, дава јасен преглед на фискалните трошоци поврзани со субвенционирањето на енергијата, со посебен фокус на периодот на енергетската криза во 2021–2022 година.
Според анализата, Македонија во периодот 2018–2023 издвојувала сериозни средства, директна поддршка за енергетскиот сектор. Како што истакнала министерката Божиновска, најголем дел од овие средства биле наменети за амортизирање на ценовните шокови и заштита на животниот стандард на граѓаните во време на глобални кризи. Но, како што се укажува и во извештајот, постојниот модел на униформни субвенции често придонесува за поголем трансфер кон домаќинствата со повисока потрошувачка, наместо кон ранливите категории.
-Со новиот Закон за енергетика направивме клучен исчекор – преминуваме од универзална поддршка кон таргетирана социјална заштита, базирана на реалните услови на домаќинството, а не само на потрошувачката, изјавила Божиновска, најавувајќи дека во соработка со Министерството за социјална политика се воспоставува и методологија за мерење на енергетската сиромаштија.
Министерката го потенцирала и системот на блок-тарифи што се применува од јули 2022 година, но посочила на неговите ограничувања.
-Семејства со повеќе членови или лица со хронични заболувања, кои имаат реална потреба од повисока потрошувачка, се изложени на повисоки цени и покрај нивниот социјален статус, навела таа.
Во панел-дискусијата со клучни чинители од институциите, граѓанскиот сектор и меѓународни партнери, биле отворени прашањата за либерализацијата на пазарот, финансирањето на енергетската транзиција и потребата од иновативни решенија и праведна распределба на јавните средства.
Законот за енергетика, се наведува понатаму, предвидува и нови механизми за заштита на ранливите потрошувачи – како директна финансиска поддршка, забрана за исклучување од мрежа во зимски услови и субвенции за енергетска ефикасност. Дополнително, се воведува и можност секој потрошувач да го смени својот снабдувач за струја во рок од 48 часа, без трошоци, што го отвора пазарот за фер конкуренција.
-Овој закон не е само техничка регулатива – тој е одраз на нашата решеност да изградиме енергетски систем кој ќе биде економски одржлив, социјално праведен и еколошки одговорен. Нашата визија е јасна – Македонија со соларни панели на покривите, електрични возила на патиштата и стабилни сметки за струја, изјавила Божиновска, потенцирајќи дека токму извештаи како овој на ОЕЦД се алатка за подобри политики, со јасна цел – фер транзиција во која никој нема да биде изоставен.
Настанот ги обедини носителите на политики, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни организации во заедничка заложба за фер и зелена енергетска иднина на Македонија, стои во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Ново на Сител
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин