Божиновски: Во недостаток на аргументи СДСМ бара изговори за одложување на изборите на 24 април
Откако ВМРО ДПМНЕ се согласи се да биде исполнето за одржување на изборите на 24 април, во недостаток на ништо друго избирачкиот список е само некаков аргумент преку кој СДСМ ќе се обидува да ги пролонгира закажаните избори, смета политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.
- Моите очекувања се дека манипулациите околу тоа дали е прочистен или не избирачкиот список ќе продолжат и понатаму. Ќе се опструира работата на ДИК, или ќе се направат обиди за опструкции, се со цел изборите закажани на 24 април да бидат одложени. Ако СДСМ навистина сметаше дека е потребно уште малку време за прочистување на избирачкиот список зошто не го прифатиле датумот кој бил понуден, наместо 24 април тоа да биде 5 јуни, не се согласиле со тој датум, не предложиле ниту друг датум за кој сметаат дека таа работа ќе биде завршена. Тоа се прави исклучиво со цел тие избори да бидат пролониграни, да се манипулира а Македонија да продолжи да биде во политичка криза, Владата да неможе да работи со полн капацитет, вели Владимир Божиновски, политички аналитичар.
Според Божиновски ние веќе имаме избирачки список, а прочистувањето е техничка операција која се спроведува пред секои избори. Со сличен став деновиве јавно излегоа и поранешни претседатели и членови на ДИК од СДСМ.
- Избирачкиот список е техничка операција која се спроведува пред секои избори. Тада да, тоа воопшто не е проблем. Ние веќе имавме избирачки список, само треба да се надополни за оние кои што станале полнолетни, да се отстранат оние кои што се починати, и оние кои се одјавиле од македонското државјанство. Така да, тоа не ниту проблематична ниту долготрајна операција која треба да се направи. Тоа што го прави претседателот на ДИК, ние видовме дека тој делува сам, а се обидува да го претстави како став на ДИК. Тоа е исклучиво во некаква консултација или по налог на оние кои го предложиле односно на Зоран Заев, изјави политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.
Од извори во ДИК Сител дознава, доколку престанат опструкциите од страна на членовите на СДСМ за 25 дена може целосно да биде прочистен избирачкиот список.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
