Свет
25. September 2025 - 13:52

Британец уапсен за кибер нападот што го наруши работењето на европските аеродроми

Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж како дел од истрагата за нападот со ransomwareврз компанијата Колинс Аероспејс“ (Collins Aerospace), во сопственост на РТХ, што предизвика сериозни нарушувања во работењето на европските аеродроми.

Националната агенција за криминал НЦА (NCA) соопшти дека маж на возраст од 40 години е уапсен во вторникот под сомнение за прекршоци според Законот за злоупотреба на компјутери и ослободен со кауција, јавија британските медиуми.

- Иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата е во рана фаза и сè уште е во тек, рече заменик-директорот на Националната агенција, Пол Фостер.

Сè уште не е познато која криминална група стои зад хакирањето од минатата недела, а НЦА не објави дополнителни детали.

Ransomwareе софтвер што кибер-криминалците го користат за шифрирање на податоци и барање откуп за нивно ослободување.

Бандите што го користат овој метод обично работат во сенка за да го избегнат вниманието на органите за спроведување на законот.

Нападот врз Колинс аероспејс“ е најновиот во низата кибер инциденти во Европа со значајни бизнис последици.

 

МИА