Македонија
25. September 2025 - 16:33

Со Clarivate - Web of science чекор поблиску до Шангајска листа

Со Web of science чекор поблиску до Шангајска листа. За еден наш универзитет да се најде меѓу првите на Шангајска листа, еден од условите е, тој универзитет годишно да објави минимум 1.200 трудови во списанија со импакт. Ние сме далеку од оваа бројка.

МОН летово обезбеди бесплатен пристап до Web of science – платформа која обезбедува пристап до важни дата бази кои значително го олеснуваат процесот при изработка на научни трудови, магистерски и докторски тези.

Бенефитите од оваа соработка ќе бидат големи, проценуваат образовните власти. 

Годинава МОН за наука одвои буџет од 680 милиони денари, од кои 370 милиони се веќе распределени.