Британец уапсен за кибер нападот што го наруши работењето на европските аеродроми
Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж како дел од истрагата за нападот со „ransomware“ врз компанијата „Колинс Аероспејс“ (Collins Aerospace), во сопственост на РТХ, што предизвика сериозни нарушувања во работењето на европските аеродроми.
Националната агенција за криминал – НЦА (NCA) соопшти дека маж на возраст од 40 години е уапсен во вторникот под сомнение за прекршоци според Законот за злоупотреба на компјутери и ослободен со кауција, јавија британските медиуми.
- Иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата е во рана фаза и сè уште е во тек, рече заменик-директорот на Националната агенција, Пол Фостер.
Сè уште не е познато која криминална група стои зад хакирањето од минатата недела, а НЦА не објави дополнителни детали.
„Ransomware“ е софтвер што кибер-криминалците го користат за шифрирање на податоци и барање откуп за нивно ослободување.
Бандите што го користат овој метод обично работат во сенка за да го избегнат вниманието на органите за спроведување на законот.
Нападот врз „Колинс аероспејс“ е најновиот во низата кибер инциденти во Европа со значајни бизнис последици.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени