Брнабиќ бара дијалог со претставниците на Студентската листа пред конститутивната седница на Парламентот

Претседателката на српскиот Парламент во технички мандат и вршител на должноста претседател на државата, Ана Брнабиќ тврди дека никој што ја претставува Студентската листа не ги информирал актуелните парламентарни служби за започнување дијалог за првата конститутивна седница на Парламентот најавена за 17 ноември.
„Досега, владејачкото мнозинство секогаш и нудеше на опозицијата потпретседателски позиции, различни опозициски групи соодветно одлучуваа дали ќе има пет или шест потпретседатели, најчесто така беше, но за ова треба да се разговара пред конститутивната седница“, изјави синоќа таа.
„Опозицијата ги водеше некои од најважните комисии, надворешни работи, европски интеграции и така натаму. Но, сето ова секогаш се случуваше во дијалогот пред првата конститутивна седница. Ова е првпат никој од Студентската листа да не се обиде да стапи во контакт со службите или да разговара со мене“, рече Брнабиќ.
Таа ги повика претставниците на Студентската листа да го сторат тоа во текот на следната недела, во согласност со „најдобрите демократски практики“, со цел да се подготват за конституирање на Собранието.
МИА
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
