Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, објави на Х дека студентите во блокада планираат „ултимативен удар врз Србија“ за Видовден и им се закануваат на сите и на целата Србија со блокади на патишта, инфраструктура, инвестиции и институции.
Во објавата, Брнабиќ им порача на граѓаните да не се плашат и да не се грижат.
Брнабиќ наведува дека во документот од 36 страници, студентите во блокада го најавуваат 28 јуни како „Ден на одлука“, „Ден на вистината“ и „Момент на пресврт“.
„Тие сакаат животот да престане во Србија и буквално велат „Не само граѓаните ќе бидат во страв“, туку ветуваат дека и странските инвеститори ќе бидат во страв, „владите и амбасадите што соработуваат со овој режим или размислуваат за инвестиции“, изјави Брнабиќ на мрежата X и ги праша сите оние што ги поддржуваат блокадите „како се нарекува тоа и дали е тероризам?“.
Како што додаде таа, тие се фалат дека граѓаните ќе живеат во страв од нив и дека ќе ги избркаат сите инвеститори од Србија, оставајќи стотици илјади луѓе без работа, стотици илјади семејства без леб и безбедност.
„Тие предвидуваат во тој документ дека Србија ќе изгуби 292 милиони евра во првите пет дена од нивната блокада и дека ако таа ситуација продолжи, проценетата загуба на Србија ќе достигне над 800 милиони евра! Тоа се 800 милиони евра за пензии, плати, здравствена заштита, училишта, поддршка за семејства со деца! Тоа е она што сакаат да ѝ го одземат на оваа нација“, нагласи Брнабиќ. Брнабиќ, исто така, изјави дека оние што организираат блокади се фалат со протерување на амбасади и дипломатски мисии од Србија, односно со целосна изолација на земјата, и дека се хранат со фактот дека сите ќе се плашат од нив.
Студентите во блокада најавија протест во Белград за 28 јуни, а дел српски медиуми објавија дека нивниот план е да блокираат клучни сообраќајници во Белград, како и странски компании.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница