Македонија
19. јуни 2025 - 16:42

Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство

ВМРО-ДПМНЕ доживува драматичен пад на рејтингот, тврди Филипче. Во обраќање пред членовите на градската организација на СДСМ во Скопје вчеравечер, партискиот лидер ја критикуваше целокупната работа на власта и на централно и на локално ниво, но и лошите економски политики кои, како што вели, ја донесоа Македонија на дното во Европа. 

 „Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега. Таков пад на гласовите, таков дебакл до сега во историјата на државата за толку кратко време едноставно не се случил. Не затрупуваат со информации, со пропаганда, со ПР дека прават економски бум. Што се случи? Бум слушнавме само со тоа што треснавме на земја. Евростат излегува со податоци дека сме последна земја во Европа според економската стапка “, изјави Филипче.

Премиерот Мицкоски пак го критикува предавничкиот пристап на опозицијата, за која како што вели, пред меѓународните фактори ветува прифаќање на штетни политики само за да се врати на власт. Според премиерот граѓаните ќе ја казнат ваквата политика на СДСМ на следните избори.

Реакциите на власта следат по минатонеделното обраќање на Филипче на конференција во Атина на која остро ја критикуваше власта, нарекувајќи ја десничарска и авторитарна, со оценка дека не прави доволно за напредок во европските интеграции.