Бројот на загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 21 лице

Бројот на загинати во најновиот бран руски напади врз украинската престолнина Киев се искачи на 21 лице, соопштија рано утрово украинските служби за цивилна заштита.
Според украинските медиуми, спасувачките екипи и натаму трагаат по 17 исчезнати лица под урнатините на уништена станбена зграда, додека десетици повредени се наоѓаат на лекување.
Властите во Киев синоќа соопштија дека бројот на жртви изнесува 16.
Русија во текот на ноќта го нападна Киев и други делови на Украина со стотици дронови, ракети и крстосувачки проектили, во еден од најтешките напади и покрај тоа што војната трае повеќе од четири години, посочува ДПА.
Според украинските власти, низ земјата се оштетени десетици станбени објекти, а особено погодени се регионот околу Киев, како и областите Харков и Одеса.
Русија во средата изврши еден од најмасовните и најдолгите напади врз Украина од почетокот на војната во февруари 2022 година, при што употреби повеќе од 800 дронови.
МИА
Ново на Сител
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
