Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на Хималаите се зголеми на над 1.000 во Непал и Тибет, соопштија денеска тамошните власти, пренесува ДПА.
Полицијата во Катманду во своите најнови бројки соопшти дека само во Непал загинале 1.007 лица, додека бројот на жртви во Кина, во регионот Тибет, веќе неколку дена изнесува 16.
Властите во Непал соопштија дека многу од пронајдените тела биле изобличени, а во некои случаи веќе сериозно распаднати. Се очекува во следните денови и недели бројот на жртви дополнително да се зголеми.
Бројот на исчезнати лица во Непал се зголеми на речиси 4.600, изјави портпаролот на полицијата, додека во Тибет се уште се водат како исчезнати речиси 550 лица, а меѓу нив има и стотици странски државјани откако минатата среда дојде до катастрофата, пренесе германската агенција.
Разурнувачката ненадејна поплава, која носеше вода, кал, мраз и разни остатоци, на својот пат во пограничниот регион носеше се пред себе. Експертите веруваат дека катастрофата ја предизвиокала масовното уривање на глечерите на тибетската страна. Многу села се целосно уништени, оставајќи ги жителите без ништо.
Илјадници работници за итни случаи продолжуваат да пребаруваат низ купиштата урнатини и закопани тунели за оние што сè уште се водат како исчезнати.
Операциите за пребарување и спасување постојано се попречуваат од заканата од понатамошни ненадејни поплави и лоши временски услови, јавува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
