Свет
1. August 2025 - 8:49

Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26

Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26, вклучувајќи три деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Бројот на жртви е ревидиран откако спасувачите извлекоа десет тела од под урнатините на станбена зграда во населбата Свјатошински, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете, соопшти Министерството во порака на Телеграм.

Ноќта од среда кон четврток, Русија започна масовен комбиниран напад врз украинската престолнина со ракети и дронови. Поради бројот на жртви, во Киев за денеска е прогласен ден на жалост, објавија украинските медиуми.

 

МИА