Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени

Бројот на загинати во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што ја погоди индонезиската провинција Источна Нуса Тенгара на 15 август се искачи на 111 лица, додека повеќе од 176.000 луѓе и натаму се раселени, соопштија денеска локалните власти.
Раководителот на Центарот за комуникации при Националната агенција за управување со катастрофи (БНПБ), Бертон Панџаитан, изјави дека во привремените засолништа во моментов престојуваат 176.621 лице. Покрај потврдените 111 жртви, во катастрофата се повредени 1.678 лица, а оштетени се повеќе од 36.000 куќи и јавни објекти.
Сеизмолошките служби од првичниот потрес досега регистрираа дури 8.193 последователни земјотреси низ целата провинција. Операциите за спасување и распределбата на хуманитарна помош непречено продолжуваат во сите погодени подрачја, меѓу кои е и познатиот туристички центар Лабуан Баџо.
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
