Брош со дијаманти изгубен од Наполеон - продаден за скоро 3,8 милиони евра

Брош со дијаманти што францускиот освојувач Наполеон Бонапарта го изгубил додека бегал од Битката кај Ватерло на почетокот на 19 век, е продаден за повеќе од 3,5 милиони швајцарски франци (3,79 милиони евра) на аукција во Женева завчера, соопшти аукциската куќа „Сотби“.
Брошот којшто може да се носи и како приврзок, има тркалезен дијамант со тежина од повеќе од 13 карати, опкружен со помали дијаманти. Се продал за многу повисока цена од очекуваната, бидејќи неговата проценка пред продажбата била 200.000 франци (216.000 евра). Цената на наддавањето достигнала 2,85 милиони франци (3,08 милиони евра), вклучувајќи ги и сите трошоци вклучени во конечната цена.
Круглиот скапоцен камен е пронајден, се вели, меѓу личните предмети на Наполеон, во кочија што се заглавила на каллив пат додека тој и неговите војници бегале од британските и пруските сили.
Скапоцените камења му припаѓале на семејството Хоенцолерн од пруската кралска лоза повеќе од два века. „Сотби’с“ не го откри идентитетот на продавачот, но купувачот го опиша како „приватен колекционер“.
На наддавањето беше понуден и зелен берил со тежина од над 132 карати, за којшто се тврди дека го носел Наполеон на неговото крунисување како император во 1804 година. Скапоцениот камен е продаден за 838.000 франци (906.000 евра) – повеќе од 17 пати поголема цена од проценетите вредности пред продажбата.
Ново на Сител
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
