-->
-->
Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
-->

Голем е бројот на англиските медиуми кои пренесуваат дека играчот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш сериозно размислува да го напушти клубот. 33-годишниот Португалец, кој воедно е и капитен на клубот има активен договор до летото 2027 година.
Фернандеш има опција да го продолжи договорот на уште една година, но според најавите тоа тешко ќе се реализира и дека тој не е сигурен дека ќе остане на Олд Трафорд.
Во меѓувреме од Саудиска Арабија пристигнуваат понуди за играчот, која бара и зголемување на платата која сега изнесува околу 17 милиони евра.
Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед пристигна во 2020 година од португалски Спортинг.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
