Бугарија доби повик за помош од товарен брод што тоне во Црното Море

Бугарските власти денеска добија повик за помош од товарен брод што тоне во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти бугарското Министерство за транспорт.
На бродот што пловел под сомалиско знаме имало 12 членови на екипажот, а тој превезувал три тони растурен товар, односно пченица, од Романија до Египет.
Локацијата на членовите на екипажот во моментов е непозната, соопшти министерството.
Причината за несреќата сè уште не е утврдена, но се случила во време на зголемени тензии во Црното Море, каде што во последните недели се регистрирани бројни напади со беспилотни летала врз бродови покрај брегот на Бугарија и Романија.
Експертите ги поврзуваат овие напади со војната меѓу Русија и Украина.
Романскиот премиер Лука Никулеску вчера изјави дека беспилотни летала нападнале три трговски брода во Црното Море, во близина на романскиот Сулински канал.
Тој додаде дека романските одбранбени сили кренале борбени авиони во два наврати.
Романскиот шеф на дипломатијата, Дан Некулаеску, денеска во Брисел изјави дека Романија ќе побара од своите партнери во Европската Унија да продолжат да обезбедуваат воени капацитети и да ја зајакнат координацијата со НАТО по нападот врз трговските бродови.
„Во последните 24 часа, регистриравме четири аларми од беспилотни летала, а три брода беа погодени во текот на викендот. Ова е неприфатливо“, рече Некулаеску по пристигнувањето на редовниот месечен состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел.
Тој најави дека ќе побара од своите европски колеги да продолжат да придонесуваат кон воените капацитети во Романија, како и кон подобра координација меѓу Европската Унија и НАТО во врска со безбедносната состојба во Црното Море.
МИА
Ново на Сител
-

Од вчера задолжителна зимска опрема во сообраќајот
-

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
-

Неуспешно лансирање: Ракетата „Вулкан“ откажа и уништи 40 сателити на „Амазон“
-

Мајката на претепаната Сара од Охрид тврди: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија“
-

Македонските фудбалери ја пречекуваат Словенија во последното коло од Лигата на нации
-

Отпорноста на лекови би можела да убие 39 милиони луѓе во следните 25 години, предупредува СЗО
-

Мицкоски во Брисел на средба со Герт Јан Копман, во фокус европската перспектива на Македонија и реформите
-

МВР со детали за нападот врз 26-годишната Сара: Насилникот доби кривична и мерки на претпазливост
