Македонија
9. October 2026 - 16:29

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ

Бугарија е против квалификувано мнозинство во Брисел, одбива Уставни измени со одложено дејство и воопшто не сака да разговара со Македонија за било какви отстапки од договорот кој пред 4 години го направи со претходната Влада. 

Бугарската шефица на дипломатијата денеска одговарајќи на пратенички прашања во бугарското собрание ги повтори бугарските позиции за македонската интеграција.

Истите пораки вчера во Софија ги слушна и шефот на дипломатијата Муцунски кој по совет на фон дер Лајен отпатува во бугарската престолнина за билатерална средба. И по неа, Муцунски порача дека Македонија продолжува да бара начин да си обезбеди гаранции дека процесот на интеграција нема да донесе нова закана за идентитетските прашања. 

Премиерот Мицкоски неделава веќе го поздрави предлогот за квалификувано мнозинство коментирајќи дека на Брисел му станало јасно дека правото на вето се злоупотребува, коментирајќи дека заштитата до крајот на преговорите која ја нуди овој механизам е слична со уставните измени со одложено дејство кои ги предложи Владата.