Бугарските власти го одбија барањето за регистрација на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград
„Никола Вапцаров“, последно формираниот клуб на Македонците во Бугарија ќе се жали на второстапениот суд, откако беше одбиен да се регистрира како здружение. Претседателот на клубот за Сител вели Агенцијата ги одбила со образложение дека граѓански здруженија не можат да се регистрираат поради политички цели и активности. Ова е сосема спротивно на целите за регистрирање кои биле јасно наведени во документите.
Адвокатот и добар познавач на законите и процеси кои се воделе пред бугарските судови, Тони Менкиновски вели неспорно е дека со успех ќе заврши и овој судски спор како и претходните.
За овој нов случај ќе биде известен и комитетот на министри во Советот на Европа и тој уверува дека здружението ќе биде регистрирано.
До мај оваа година Бугарија има обврска да ги спроведе одлуките на Судот за човекови права за здруженијата на македонците во Бугарија и да ги регистрира, по што комитетот на министри ќе ја посети Софија за да направи увид.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
