Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
Малиот број на јавни обвинители, недоволните буџетски средства но и ажурност на судските служби остануваат главни предизвици кои ги нотира Советот на Јавните обвинители во годишниот извештај за 2025та кој беше разгледуван во собраниската комисија на политички систем. Претседателот на Советот, Башким Селими вели дека најголем проблем е немањето кадар кое води до неажурност во постапувањето по преставките.
Во извештајната година биле примени 152 преставки, најголем дел од физички лица, а се однесувале токму на долгите постапки.
Истите предизвици се нотирани и во извештајот за ланската година за државното јавно обвинителство. Иако обвинителот Савески не се појави пред пратениците, обвинителство си даде позитивна оценка за својата работа, но признаваат и релативна ажурност во работењето.
И власта и опозицијата му забележаа на републичкиот обвинител Савески што додека се дебатира за работата на Обвинителството тој не дава рапорт пред Собранието кое го бира. Но меѓусебно се скараа кога обвинителството постапувало повеќе и за кои функционери се отворени повеќе случаи.
Иако најавени матичната комисија за политички систем не ги разгледуваше извештаите Судски буџетски совет и Судскиот совет бидејќи претседателот Александар Камбовски не се појави да го образложи.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
