Македонија
26. November 2026 - 16:36

Дата центри ќе се градат – Потребна е транспарентност од надлежните да кажат колку ќе трошат струја

Дата центри ќе се градат. Прашањето е кога, затоа што веќе доцниме и зависиме од развиените земји. Има неколку опции – или да се лоцираат во напуштени фабрики, како броунфилд инвестиции или како грин филд, во технолошките зони, вели министерот за дигитална трансформација Андоновски. Се разгледуваат местата каде има помала населеност и веќе се мапирани во околината на Скопје, Охрид и Неготино

- Има многу напуштени фабрики, над 30, каде можат да се изградат до 30 мегавати дата центри и имаат потенцијал да се сместат во нив. Дел имаат сопствени бунари, приклучоци до електрична енергија, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација

Дата центри има, но со помал капацитет. Само во Скопје, над 40. Некои се лоцирани во стан, некои во гаража, дел во државни поголеми објекти, дел во приватни комапнии. За јавноста да биде информирана за што се работи, експертите сметаат дека надлежните треба транспарентно да кажат – колку струја ќе трошат планираните центри, колку вода, колкава количина отпад ќе продуцираат и кои ќе бидат бенефитите за државата.

Финасиска поддршка ќе ни даде и УНДП, ако енергијата што ја користат биде од обновливи извори

Министерот Андоновски очекува првиот Национален дата центар да почне да се гради до 2028-та година. Проектот веќе е ставен во Планот за раст и ќе се барааа финансии за изградба. Смета дека клучните државни, безбедносни, осигурителни, па и банкарски податоци, не смееме да си дозволиме да ги чуваме надвор од државата.