Македонија
26. November 2026 - 16:35

Студентите бараат 4.500 денари месечно за оброк, Владата најавува нов систем со двојно бенефиции

97% од студентите сакаат да им се зголеми сумата за субвенционираниот оброк на 4.500 денари, а 80% се против воведувањето на новото софтверско решение предложено од Владата и бараат да остане досегашниот систем. Ова се резултатите од студентскиот референдум, на кој учествувале околу 7.000 студенти, а кој беше организиран по средбата на студентските претставници со министерката Јаневска и премиерот во Владата.

По објавувањето на резултатите од студентскиот референдум, од Националното студентско тело велат дека очекуваат институциите да ја почитуваат волјата на студентите и да постапат по нивните барања. Во спротивно, најавуваат протест.

„Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи. Нашето барање денеска ќе биде испратено до институциите и очекуваме дека во рок од 7 дена ќе биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски денови истот да биде реализирано, обработено до дела. Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме“, изјави Ангела Василевска, претседателка на Националното студентско тело 

„МОН и Владата доставија предлог до студентите за зголемување на износот на дневната субвенција за оброк, дополнителен попуст по искористување на месечниот износ и промена на моделот со цел користење на средствата исклучиво за храна. Од студентите се уште немаме добиено писмен одговор“, велат од МОН на ваквите барања на студентите.

Премиерот пак од собраниската говорница најави поширок пакет привилегии со новата апликација М-студентски оброк со попусти и до 50 проценти.

Во следната фаза најави премиерот се разгледува можноста студентите овие поволности да ги користат и надвор од државата.