Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде одржува средби со високи претставници на европските институции и на Европскиот парламент, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го објавува интегрално.
Првиот ден, вчера, започна со средби со Емануел Жиофре, Директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), и Валентина Суперти, Директорка за Западен Балкан во DG NEAR на Европската комисија, како и со европратениците Лукас Мандл (AFET) и Илхан Кјучјук, поранешен известувач за Северна Македонија.
Денес, во вториот ден, Османи продолжува со густа институционална агенда. Утрото започна со средба со Андреја Вихер Вајт и Адел Марсуло од кабинетот на Комесарката за проширување Марта Кос.
Следуваат посебни средби во Европскиот парламент со европратениците Владимир Пребилич, Тис Ројтен и Матијаж Немец.
Во сите разговори доминираа две прашања: сериозната загриженост за рушењето на Охридскиот мировен договор како столб на соживот и меѓуетничката стабилност.
Османи алармираше дека се реализира подготвен и организиран план за поништување на мировниот договор — план кој веќе ги урна неговите главни столбови, оставајќи вакуум кој создава сериозна непредвидливост и кој лесно може да биде злоупотребен од трети страни.
Тој исто така зборуваше за итната потреба за надминување на блокадата во процесот на европска интеграција, особено земајќи го предвид моментумот на проширувањето и напредокот постигнат од Црна Гора и Албанија.
Османи нагласи дека внатрешната и надворешната интеграција бараат храбри одлуки внатре во земјата, но и јасна и постојана посветеност од европските партнери.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
