Loading Video...
Фудбал
7. јуни 2020 - 20:13

Бундес лига: Вердер тоне во опасни води

И денеска продолжија возбудувањата во Бундеслигата.  Повторно лоши резултати за некогашните гиганти Вердер и Шалке. 
Во Бремен гостуваше екипата на Волфсбург која му ги расипа сметките на домашниот Вердер во битката за опстанок. Се беше решено во  финишот од средбата кога гостите обезбедија триумф од 1-0 со погодокот на Холанѓанецот Вегхорст .  Вердер на 8 кола до крајот по овој пораз се најде на претпоследното место на табелата со дури 6 бода помалку од безбедната зона. 
За неколку дена екипата на Шалке ќе може да одбележи вкупно 5 месеци без победа во Бундес лигата откако попладнево  во Берлин одигра само 1-1 со домашниот Унион.  Ако е за утеха ова е прв бод за екипата од Гелзенкирхен по рестартот на сезоната.  Унион можеше и да победи отако во 11м го отвори резултатот преку Роберт Андрих. Конечните 1-1 ги постави Кени во 28-та минута со што Шалке цели 12 кола е без триумф.