Царина заплени тутунски производи од малопродажен објект - избегната акциза од 509 илјади денари | ВИДЕО

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга.

При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички.
Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.

Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и заштита на здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-

МВР објави оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште
-

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар
-

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
-

Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
-

ДЗР констатирал слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година
-

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател
