Царинската управа за една година наплатила над 177 милиони евра
Вкупните приходи за една година во Царинската управа изнесуваат 177,3 милиони евра, а само кај наплатените царински такси за увоз на возила е регистриран пораст од 20 проценти, истакна директорот Бобан Николовски на денешната прес-конференција на која направи пресек за едногодишното работење на Управата.
-Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи, односно за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани, истакна Николовски.
Тој нагласи дека зголемените контроли при увозот на автомобили, како и спроведените предкривичните истраги за сторени кривични дела со употребувани возила дале позитивни резултати. Само во текот на оваа година Секторот за контрола и истраги поднел 41 кривична пријава што придонело за зголемена наплата на приходи по овој основ.
На прес-конфренцијата беше потенцирано дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.
-Од почетокот на годинава, заклучно со мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани, додаде Николовски.
Ефикасноста и професионалноста во работењето на Царинската управа, според нејзиниот директор, значат побезбедно општество и повеќе пари во Буџетот за нови училишта, нови градинки, нови болници, автопати, повисоки плати и пензии.
Ново на Сител
-
Во Полска приведен 19-годишник кој планирал да изврши терористички чин
-
Османи: Ние Албанците не сме гости во оваа земја, туку домаќини
-
Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите
-
Таравари: Скандалозно, во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци
-
САД го намалуваат бројот на службеници на Блискиот Исток поради зголемени тензии
-
Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница
-
Без вода корисниците од улицата „Осло“ во Карпош
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии