Царовска и Тодоров против укинување на државната матура
Државната матура не треба да се укине како концепт, туку постојано да се надоградува, се дел од ставовите на поранешните министри за образование и наука.
Дали наместо матурски испит е подобро да се воведе приемен на факултет, според панелистите на дебатата во ФОН ова не прашање на избор, туку начин за подобра селекција, испити кои би се надополниле еден со друг.
Панелистите пренесоа искуства од поразвиени земји, каде приемен испит полагаат и основците за упис во средно образование.
Директорката на средното Медицинско училиште од Скопје смета дека предметите кои се полагаат на државната матура, треба да се модифицираат или дополнително да се воведе приемен во зависност од тоа дали матурантите завршуваат гимназиско или стручно образование.
Државната матура секоја година е актуелна тема при крајот на учебната година, што е закаснета реакција бидејќи за овој концепт треба да се зборува во континуитет истакнаа поранешните министри.
Прв пат беше воведена во учебната 2007-ма година и содржи екстерни и интерни испити. Оваа година првиот испит по мајчин јазик ќе се полага на 27-ми мај, а вториот екстерен на 10-ти јуни.
По барање на средношколците МОН го скрати материјалот и го промени бодувањето на екстерните и интерните предмети.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
